05 Декември, 2025
0.0315

Каква разврска ќе има случајот „АЛО, НИНИ“?

Објавено во: Анализа 20 Април, 2014 09:06

Добивај вести на Viber

Сите треба да бидат подготвени да сносат одговорност, и оние кои се повикани дека го кршат законот (власта), ако се докаже дека тоа е така, но и оние кои ја обелоденија снимката (опозицијата) ако се докаже дека не е веродостојна, сметаат најголем дел од експертите кои ги праша Фактор. За некои е монтажа, на други им наликува веродостојна, но повеќето се согласуваат дека автентичноста ќе мора да се провери. Станува збор за сериозно укажување за корупција која е директно во врвот на власта, и институциите во земјава мораат да го расчистат овој случај, смета поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Слаѓана Тасева. Тасева вели дека сите дејствија што се договараат на снимката која беше објавена на партиската прес конференција на СДСМ од страна на Зоран Заев, лесно можат да се проверат и да се види дали и што навистина се случувало.
„Веродостојноста на сето тоа што го слушнавме во телефонскиот разговор многу лесно се проверува. Сметам дека институциите во земјава имаат капацитет тоа да го направат. Треба да ги искористат сопствените знаења, ресурси, но и целата помош што може да ја добијат однадвор во рамки на меѓународната соработка за целосно расветлување на овој случај“, вели Тасева за Фактор.
Поранешната антикорупционерка потенцира дека луѓето кои раководат со институциите, а кои во конкретниот случај се директно надлежни да се изјаснат, во никој случај не можат и не смеат да се оградат од вакви случаи. И доколку тие функционери се чувствуваат зависни од оној кој ги поставил на тие функции, тогаш ќе треба да најдат друг начин како да им возвратат, а тоа никако не смее да биде со непочитување или неспроведување на законите. „Со оваа, последна афера, ние добивме уште еден случај на списокот на случаи што веќе се отворија во Македонија и кои се уште немаат разрешница, а кои еден ден, верувам дека како и во Хрватска и Србија ќе мора да ги истражиме“, изјави Тасева. Тасева го критикува и појавувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски во друштво на високи владини функционери, констатирајќи дека таа блискост влијае за уривање на довербата на институциите. Поранешниот министер за правда Михајло Маневски вели дека тука воопшто нема случај.
„Станува збор за класична монтажа“, изјави за Фактор Маневски, кој беше член и на анти корупциската комисија.
Случајот не сакаше да го коментира Воислав Зафировски, екс претседател на комисијата, со образложение дека не ја видел снимката. Еден од поранешните претседатели на Антикорупциската комисија Драган Малиновски, пак објаснува дека во овој случај, прво ќе мора да се утврди автентичноста на снимката што ја обелодени лидерот на опозицијата Зоран Заев. А доколу таа се потврди како релевантна, покрај другите одговори истрагата ќе треба да разјасни и каде завршиле парите, односно за кои цели.
„Она што е прво важно е да се утврди автентичноста на снимките, а потоа доколку се се потврди веродостојноста на снимката што беше објавена ќе треба да се превземат адекватни мерки. Односно, ќе треба да се види дали постои кривично дело и од колкав обем е евентуалното кривично дело, кој се бил инволвиран, но ќе треба да се истражи и со какви цели било направено. Исто така истрагата во втора фаза, доколку дојде до неа ќе треба да одговори и каде завршиле парите“, вели Малиновски.
Аналитичарот Ивица Боцевски, пак обелоденувањето на снимките го смета за политички чин.
„Не велам дека опозицијата не треба да и ги претставува на јавноста сите потенцијални грешки на власта, но ова е гротескно. Сето ова што денеска е претставено отвара сериозни прашања и дилеми. Зошто СДСМ десет години прикривал информации за потенцијален криминал? Кои институции го прислушкувале шефот на опозицијата во времето на „демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права“? Како овие снимки дошле во рацете на приватни лица? Зошто ова не е претставено во 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 или 2014 година? Зошто ова не е претставено пред првиот круг на изборите? Верувам дека никој повеќе не може да им продаде мачка во вреќа на граѓаните, па ни СДСМ. Затоа Зоран Заев и СДСМ треба достоинствено да ја завршат оваа кампања, а потоа нека повелат и нека ни прикажат што се имаат во своите тајни сефови и архиви“, вели Боцевски.
Најголем дел од експертите велат дека најпрвин треба да се остави простор за да се види реакцијата на институциите. При тоа потенцира дека сите треба да бидат подготвени да сносат одговорност, и оние кои се повикани дека го кршат законот, ако се докаже дека тоа е така, но ако се докаже дека таа не е веродостојна, одговорноста ќе падне врз оние кои ја обелоденија. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени