19 Декември, 2025
0.1083

За спас од банкрот Каталонија бара 9 милијарди евра од Мадрид

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013 09:58

Добивај вести на Viber

Шпанскиот автономен регион Каталонија побара од централната Влада на Шпанија уште девет милијарди евра за спас на регионалната економија од банкрот, откако лани во август доби пет милијарди евра.

Каталонската Регионална влада тврди дека парите и се потребни за покривање на внатрешните долгови и за справување со кризата во новите услови на драстично кратење на буџетското трошење.

Барањето нови пари за спас од Мадрид доаѓа само еден месец по најавата на новоизбраните политички лидери на Каталонија за одржување референдум за отцепување на регионот од Шпанија.

Каталонија важи за успешен и просперитетен регион во Шпанија, кој во бруто домашниот производ на земјата учествува со една петина, но е погодена од голем внатрешен долг. Само за оваа година регионалните власти мора да исплатат долгови во висина од 13,6 милијарди евра.

Властите во Барселона соопшти дека може сама да обезбеди 7,7 милијарди за покривање на долгот, но дека за другите средства и е потребна интервенција на Владата на Шпанија. Минатата година шпакската Влада формира посебен фонд за покривање на неликвидните региони кои поради големите долгови не можат самите да се задолжуваат во странство.

За оваа година во овој фонд се предвидени 23 милијарди евра, што ќе се обезбедат од шпанското Министерство за финансии, од домашните банки и шпанската лотарија.

Шпанија е една од најтешко погодените земји со сегашната должничка и финансиска криза во еврозоната. Сеператизмот во Каталонија кој станува се посилен, се објаснува со токму со кризата. Каталонските сепаратисти сметаат дека нивниот регион ќе биде многу поуспешен како независна држава

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците