16 Мај, 2024
0.0273

За справување со миграциите земјите од Западен Балкан добиваат поддршка од МАРРИ

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

1,1 милион луѓе во 2015 и 2016-та ја поминаа балканската рута а за да се справат со големите миграциски приливи шесте земји од Западен Балкан кои се транзитни до земјите од ЕУ поддршка добија од регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ).

МАРРИ е единствена регионална иницијатива со основен мандат во мигарцијата и таа има за цел да им даде поддршка на  владите на Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Бих во усогласување на правната рамка со законодавството на ЕУ, во изградбата на институции и персонал како и во размена на информации.

– МАРРИ во изминатите три години спроведува сеопфатна внатрешна реформа бидејќи се соочуваме со феноменот на огромен прилив бегалци, главно од Блискиот Исток преку западнобалканската рута кон земјите од ЕУ, и сфативме дека овој регионален механизам е корисен и мора да одговори на потребите на шесте влади кои се учесници во механизмот, кажа директорката на МАРРИ Тамара Мугоша.

При големиот бегалски бран во 2015 најмногу погодени биле општините кои немале доволно средства да се справат со бегалците, и во тој контекст ќе се насочат на соработка меѓу централните и локалните власти.

Од МАРРИ не ја исклучуваат можноста од нов бегалски бран, имајќи ја предвид ситуацијата во Сирија и на Блискиот Исток кој традиционално е упориште на меѓународна нестабилност.

– Македонија беше најблискиот и најкусиот пат на мигрантите кон Западна Европа. Сите влади од регионот беа затекнати од огромниот прилив на мигранти и тие реагираа во кризен менаџмент. Но сега имаме доволно простор и доволно дијалог да размислуваме на долг рок како да обезбедиме пред се сигурност на нашите граници, како со заеднички одговор да ги заштитиме човечките права на кои сите сме обврзани, вели Могуша.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“