19 Декември, 2025
0.0385

За Србија членството на Косово во УНЕСКО е неприфатливо

Објавено во: Балкан 27 Јули, 2015 11:24

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ испратил писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод барањата на Косово да стане членка на „УНЕСКО“, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Според Дачиќ за Србија тоа е неприфатливо, бидејќи Косово не може да се смета за држава.

Според зборовите на Дачиќ Србија сé уште не ја промени својата позиција во врска со „статусот на областа“, иако се соочува со барањата на Приштина да стане дел од меѓународните организации, надвор од контекстот на договорот за регионална соработка.

Во исто време е јасно дека Холандија нема да биде против членството на Косово во „УНЕСКО“. Тоа го изјавил холандскиот амбасадор во Србија, Лоран Луис Стоквис, цитиран денеска од српскиот весник „Blic“.

Според зборовите на Стоквис, Холандија ја призна независноста на Косово и затоа нема ништо против членството на земјата во „УНЕСКО“. Тој, сепак истакнал дека не знае дали Косово ги исполнило критериумите за членство.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација