Добивај вести на Viber
Уште 1 милион евра ќе потроши Министерството за култура за доизградба на Стариот театар. Овој пат средствата се наменети, за како што пишува во објавата на Електронскиот систем за јавни набавки, изведување на противпожарни машински инсталации со придружни фази произлезени од проектот за против пожарна заштита на театарот. Догoворот е склучен со компанијата Страбаг.
Со овие и уште многуте претходно потпишани договори за дореализација на проектот, сумата за изградба на стариот театар веќе надмина 20 милиони евра.
Првично, театарот требаше да биде готов уште кон крајот на 2009 година, но од непознати причини работите доцнат веќе три години. Според последните најави, треба да пуштен во употреба на 27 март- Светскиот ден на театарот.
Објектот е дел од проектот “Скопје 2014“ и почна да се гради на почетокот на 2007 година, според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан.
Власта на почетокот на 2007 година изјавуваше дека изградбата на објектот ќе чини 6 милиони евра. Главен изведувач на Стариот театар е градежната компанија Бетон од Штип.