ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија

Објавено во: Македонија 14 Март, 2025 13:41
За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и одлуката на тамошната Влада да се прекине со железничкото поврзување поврзувањето со Северна Македонија.
Мицкоски посочи дека треба да се почека, бидејќи се уште не се знае дали ќе има договор или нема да има. - Наша задача е да работиме. Сега дали ќе има договор - за танго се потребни двајца. Треба да видиме и од другата страна како функционираат, рече премиерот.
За Коридорот 8 и за однесувањето на бугарската страна, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одамна го комуницирало тоа со јавноста и дека сега дури и заклучоците на новинарите и медиумите се дека попусто ќе се трошат парите.
- Дури и вашите заклучоци се во тој стил дека за џабе е да ги трошиме парите, ама ние кога го зборевме тоа „ама види ги овие вмровциве што прават“. Е сега што правиме, праша Мицкоски.
На прашањето што ќе правиме со парите наменети за железницата, тој рече дека треба да се почека и оти не треба да се брза.
- Знаеме точно што правиме, нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на граѓаните и државата, тоа да бидете сигурни, уверува Мицкоски, кој беше на настан во Ѓорче Петров.
Министерот за транспорт Александар Николоски претходно ги објасни постапките на македонската Влада по вчерашната одлука на бугарската Влада во врска со железничкото поврзување и Коридорот 8.
Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
