24 Ноември, 2024
0.0312

ЗА ТРИ ДЕНА ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА: Родителите со аргументи ЗА, но повеќето против

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

На само три дена пред почетокот на вакцинацијата на младата популација од 12 до 16 години, реакциите на родителите се поделени, но сепак доминира мислењето дека оваа популација не би требало да се вакцинира против корона вирусот. Иако епидемиолозите сметаат дека и децата се важна алка во создавањето на колективниот имунитет против Ковид-19, за кој е потребно нешто над 70 проценти имунизирано население, а со појавата на делта варијантата, стапката е дури и околу 80 проценти, родителите се на мислење дека се додека не поминат повеќе години од пандемијата и не се добијат релевантни студии направени врз основа на вакцинацијата на децата, ова треба да почека. Фактор консултираше некои од родителите чии деца влегуваат во оваа возраснба категорија, но и родители на деца кои се помали. За некои од нив, досега направените клинички студии во светот, во земји каде се одвива вакцинацијата на децата, се сосема доволен показател за да се одлучат да го вакцинираат и своето дете.

-Се согласувам со вакцинацијата на децата, бидејќи според досегашните клинички студии до повеќе земји, досега не е изнесен податок за негативни ефекти или некакви штетни последици од вакцината на Фајзер која се користи за имунизација на најмладите. Сметам дека користа од вакцината е дефинитивно поголема отколку сериозните последици кои ги остава корона вирусот. Мојата 19-годишна ќерка веќе ја прими првата доза од Фајзер, а по користењето на летниот одмор ќе одиме да ја вакцинираме и мојата помлада ќерка која има 14 години. Девојчињата и сами инситираат на вакцинација, особено што секојдневно читаат разни информации и студии кои ги нуди Интернет. Лично сметам дека ова со самото тоа што веќе сме вакцинирани и јас и сопруигот, во голема мера придонесуваме во брзо сузбивање на пандемијата на Ковид-19, вели Ф.Н. од Скопје.

Од друга страна, пак, други родители со кои разговараше Фактор имаат сосема спротивно мислење и се на ставот дека децата не треба да се популација која треба да ја затвори вратата на Ковид-19.

-Сметам дека децата не треба да се вакцинираат само заради тоа што треба да го затворат тој круг на опстојување на вирусот и на нив да се гледа како на една демографска група што треба да му затвори уште една врата на Ковид-19. Генерално, мое мислење е дека оваа возрасна категорија лесно минува со пандемијата и треба да останат понастрана од имунизацијата, вели К.С. од Скопје.

Има и родители кои не се против вакцинацијата на децата, но дека не треба да се брза. Велат дека е добро да помине извесен период соп цел да се добијат цврсти докази за влијанието на вакцината врз детскиот организам.

-Не сум против вакцините, напротив и јас сопругот веќе примивме по две дози. Сeпак морам да кажам дека некако со извесна доза на резерва гледам кон вакцинирањето на децата. Ова само со една причина, а тоа е дека немаше доволно објавени научни испитувања за сите странични ефекти од вакцините особено за помладата популација. Сето тоа почна некако стихијно, наеднаш соопштија дека некои земји вакцинираат млади над 12 години со Фајзер/Бионтек и сега пребрзо се донесе одлука за вакцини и овде. Се согласувам дека и покрај тоа што кај децата Ковид-19 не правеше сериозни проблеми, тие како носители може да го шират вирусот, но некако кога станува збор за децата сепак помислувам два пати. Инаку јас имам помали деца (9 и 7 години) односно се на возраст за која сега не е препорачана вакцинацијата и искрено се надевам дека нема да има потреба да ги вакцинирам за некое време, односно ќе успееме како човештво да се избориме со вирусот и да помине пандемијата. За тоа секако вакцинацијата е најважна, но прво нека с евакцинираат постарите и хронично болните и работоспособното население, посочува за Фактор, М.Т  од Скопје.

Инаку, вакцинацијата на децата во Македонија е дозволена веќе од понеделник и нема да има потреба од закажување терми. Имунизацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават на пунктовите на доброволна основа. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека вакцината на Фајзер, во овој моментов е единствена вакцина која е дозволено да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца, односно од 12 до 16 години.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип