Добивај вести на Viber
Во последните три месеци од 2015 година скоро пола милион илегални мигранти дошле во Грција и оттука продолжиле во Европа, покажуваат податоците на Фронтекс.
Фронтекс регистрирал 484.000 нелегални поминувања на границата меѓу Турција и Грција на источномедитеранската рута од октомври до декември и 466.000 на западнобалканската рута.
Во последниот квартал на минатата година бројот на илегални преминувања на границите на ЕУ, изнесува 978.300 што е рекорден број откако Фронтекс собира податоци од 2007 година.
Од оние кои доаѓаат во Грција, на островите 46% изјавиле дека се од Сирија, а 28% се од Авганистан, соопштува Фронтекс.
Забележан е пад на пристигнувања во Италија од Либија, а пораст на приливот има во Шпанија од Мароко.