ЗА ТРИ НЕДЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧИНАА 276 ЛУЃЕ ОД КОВИД: 30 пациенти од починатите примиле вакцина против вирусот
Објавено во: Македонија 27 Август, 2021
Министерството за здравство ја објавува анализата на
вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно
со 26 август. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и
поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 26.08.2021 на територија на државата 17.020 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 17% биле целосно вакцинирани, односно 2924 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид 19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Министерството за здравство информира дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со Ковид 19, во период од 15 август до 22 август. Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид 19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.