20 Декември, 2025
0.0397

За туризмот во Грција криза нема

Објавено во: Балкан 16 Август, 2015 10:19

Добивај вести на Viber

Во Грција може и да има криза поради строгите мерки кои Владата на Алексис Ципрас ги договори со меѓународните кредитори, но не и за туризмот.

Тоа се гледа на прв поглед и не треба статистиката да не информира официјално дека е постигнат раст во седумте месеци од годинава, спротивно на негативните прогнози на меѓународните туроператори, се сведува се до стравувањата за сериозни последици врз индустријата да се наметне контрола врз движењето на капитал во земјата.

Во најблискиот до Бугарија остров Тасос толпи туристи не недостигаат. Едни си одат, други пристигнуваат. Празни хотелски соби, студиа, и бунгалови нема. Сè е резервирано до средината на септември, кога на зелениот остров завршува сезоната.

А локалците не се загрижени особено од мерките за штедење. Точно, навистина не се особено задоволни што веќе скокна ДДВ-то на некои од стоките од 13 на 23 отсто, но пак на крајот се оптимисти. "Засега вестите се добри", вели со насмевка Никос, сопственик на хотел на островот, и покрај барањето дека од октомври ќе поскапат и туристичките услуги. Штом хотелите се полни и таверните, и кафулињата се полни.

И Грците веќе ги сакаат многу повеќе Србите и Романците, бидејќи туристите главно се оттаму, а не од Бугарија. Дури во некои установи постојат специјални српски вечери.

Инаку и по поскапувањето на некои стоки - ручек или вечера за двајца излегува околу 25 - 30 евра. Порција традиционално сулваки оди по 7 - 9 евра, мусака по 7 - 8 евра, грчка салата по 6 - 7 евра, од домати или од краставица е 3 - 4 евра, риба на скара по околу 10, пивото е 3 - 4 , чаша вино 2 - 3 евра. Каков и да е вашиот избор, сепак конечно ќе ве израдуваат со бесплатен десерт.

Во Грција нема како да не си каснете и гиро. Цената се движи од 2 до 4 евра, зависи на кое место. На многу места за ручек има и специјални понуди за семејна пица, која се продава за 8 - 9 евра.

Во продавниците пак доста од основните стоки се со цени блиски до нашите. Литар млеко е 1, 20 евра, килограм сирење фета се тргува по 8 - 10 евра, шише газиран пијалок или ладен чај оди по едно евро. Зеленчукот и овошјето се на пристапни цени и се локално производство. Трговците продаваат домати за 80- 90 центи, краставици за евро, моркови за 1, 70 евра, грозјето е 1, 60 - 2 евра. Шише од литар минерална вода може да се купи и за 50 центи.

Тасос е нарекуван и маслинов остров, бидејќи се тврди дека маслинови дрвја таму има повеќе од 1 милион. Значи локалните жители освен од туризам заработуваат и од производство на маслиново масло. На островот пет литри од него оди по 23 - 24 евра.

Плажи на островот има многу и поради тоа има доволно место за сите туристи.

Лежалки и чадори одат со кафе или друг пијалок од барот на плажата, кој ги стопанисува. На некои, како на пример Алики, еден од најпопуларните, поради кристалната вода, ќе треба да вечерате во таверни зад чадорот.

Најпродавано во летните месеци поради жештината е фрапето. Тоа чини 3- 4 евра, колку и пивото, а со млеко е малку поскапо - 5 - 6 евра. На повеќето плажи пак се зафатени само половина од чадори. Останатото место е за секој кој сака да и се радува на чистата вода во морето и топлиот песок.

Плажите се чисти, бидејќи вработените од баровите се грижат за тоа, а и повеќето луѓе си  го исфрлаат ѓубрето во контејнерите.

Има еден основен трик за љубителите на спокојниот одмор без турканици, ако сакате да ги најдете на Тасос. Само треба да се определите за еден ден за турнеја на островот. Тој се обиколува со автомобил за околу еден час по единствениот пат со должина около 100 километри и нема како да не најдете плажа само за вас.

Опасноста во овие случаи доаѓа од змиите. Одделно треба да се внимава и за морските ежови, кои се скриени во подводните карпи.

Иако хотелиерите и сопствениците на таверните не можат да се пожалат од сезоната, бизнисот во продавниците за сувенири не оди многу. Луѓето купуваат главно магнети, некое шише маслиново масло, или капа, се жалат продавачите.

Добивката од нив сепак е минимална. Магнетите се продаваат по 1 - 2 евра, а има и специјални промоции - 10 за 7 евра, 15 за 10 евра.

Туристите се запираат и пред излозите со златни и сребрени украси продавници за накит , но ретко влегуваат внатре, а уште поретко купуваат нешто.

Пред банкоматите пак секогаш има редици, бидејќи уште има ограничување на Грците да повлекуваат над 50 евра на ден.

Според Никос сепак вестите, кои се шират надвор од Грција за кризата се претерани.

"Се е мирно тука, само еден ден имаше проблем со горивото, бидејќи давателите сакаа пари во кеш, но тоа беше само во еден ден", објаснува тој и признава дека се надева на уште повеќе туристи, бидејќи сезоната на Тасос започнува од мај и во следната година отворањето ќе се совпадне со Велигден.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација