17 Април, 2025
0.0390

„ЗА ВАКВИ ДЕЛА ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ СЕ ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ“: Според Камбовски, казната изречена во тетовскиот суд е законска

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 08:19

Добивај вести на Viber

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски во 24 анализа говореше за пресудата од две години која ја доби возачот што ја прегази Теодора од Тетово.

Според него, законот за ваквите случаи предвидува казни од 1 до 5 години затвор. Тој истакна дека потребни се реформи во Кривичниот законик со цел да се зголемат казните. Камбовски, прашање за пресудата и изречената казна на возачот, доби и од семејството на Теодора.

„Човечкиот живот нема цена и не постои казна што може да се даде кога гледате низ очите на оштетените и таа загуба не може да се надомести. Законот има граници и определил колку тоа дали ние го сакаме или не, во конкретниов случај казната е од 1 до 5 години. Така одлучил законодавецот, тоа не го одлучил судот, тоа не е наша одлука. Собранието го изглаласло тој закон кој и ден денеска е во сила. Треба суштински реформи во Кривичниот законик и ако бараме ад хок или итни решенија, нема да донесат ефект затоа што во иднина ќе ги имаме истите проблеми. Законската рамка е од 1 до 5 години и не можеме некого да го осудиме 10“, рече Камбовски.

Семејството на Теодора преку прашање испратено до Телевизија 24, го прашаа Камбовски зошто е изречена ниска казна за предмет кој тргнал повторно од почеток. Според него, предметот не тргнал од 0 туку ги поминал сите три инстанци.

„Предметот не тргнал од 0 ги поминал трите инстанци. Врховен суд ги укинал двете преусди и се вратил на почеток. Во сите тие инстанци жалби изјавувал само обвинетиот. Согласно нашите закони, согласно европските закони и практики кога само обвинет ќе поднесе жалба не може, се натаму во врска со санкцијата да биде во негова штета и тоа се факти“, одговори Камбовски.




Можеби ќе ве интересира

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

СЛЕДНА НА РЕД Е ЗГРАДАТА НА УЛИЦА НИКОЛА ПАРАПУНОВ: Јакимовски беше во инспекција и испрати силна порака до граѓаните

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!