„За заедничка Македонија“ бара да не се гласа за спикер кој не ја отфрлил Тиранската платформа
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017 15:18
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска ги потсетија пратениците од Собранието на Република Македонија дека не смеат да гласаат за претседател на Собранието, кој не ја осудил и отфрлил Тиранската платформа.
Велат дека на оваа многу одговорна позиција во земјата, на позицијата заменик на претседателот на Реублика Македонија и еден од главните носители на надворешната политика кој има улога за надминување на спорот со Грција, недозволиво е да седне човек кој нема јавно да се откаже од формирање на бинационална држава и човек кој не ги признава за свои знамето на Република Македонија, химната и јазикот кој ги обединува сите етнички заедници.
Тие информираат дека во текот на оваа недела заедно со граѓаните ќе ги посетат штабовите на најголемите политички партии во земјата и ќе им порачаат да не си играат со судбината на Македонија.
„Денес на 29-тиот ден од почетокот на нашите протесни маршеви тиранската коалиција на СДСМ сака да започне да ја спроведува платформата потпишана на масата на премиерот на Албанија. За било која суверена земја е врв на срамот кога неодговорни политичари ќе формираат документ под покровителство на туѓа држава и ќе се обидат да го реализираат во својата земја. Особено што содржината на документот бара редефинирање на земјата и нејзиното позиционирање на патот кон федерализација“ - вели Богдан Илиевски од иницијативата.
Тој посочи дека ниту еден обид за маскирање на вистинските намери позади платформата нема да помине, а граѓаните на Р. Македонија не се наивни и секој кој ги потценил нема добро да помине.
Повик до граѓаните упати и Борис Дамовски кој рече дека целта која ја поставиле не можат сами да ја постигнат.
Елена Мисиркова рече дека е на позиција на семакедонско и сеграѓанско обединување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




