31 Март, 2025
0.0289

За жителите од Истокот Кочани е место за шопинг

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 07:15

Добивај вести на Viber

Жителите на малите градови од источна Македонија редовно одат на шопинг во Кочани. Најчесто купуваат облека и обувки.

Дуќанџиите во Кочани велат дека за разлика од другите градови во овој дел од Македонија, тие имаат неколку пати поголем број на бутици, разновидна понуда, поголем избор, а воедно дел од производите се со пониски цени. Нивни муштерии се жителите на Пробиштип, Виница, Берово, Македонска Каменица.

Ако таму има неколку продавници за облека и обувки, во Кочани можеби се 50, па дури и повеќе, иако не ја знам точната бројка, при што имаме разновидни артикли. Некои парчиња облека можат да ги купат и поевтино. Имаме и распродажби, попусти. Кон крајот на јануари или почетокот на февруари веројатно ќе има распродажба. Купувачите од другите градови кои се близу источната граница со Бугарија доаѓаат секој ден, независно дали се работи за викенди или работни денови и тоа трае со години. Дури имаме и купувачи од Штип, иако Штип е поголем град“, објаснува сопственик на бутик во Кочани.

Кочанчани велат дека во 2016, 2017 и 2018 година имале многу повеќе купувачи од другите градови, а сега иселувањето придонесе бројот на жители во градовите да се намали и тоа се одразува на потрошувачката.

„Тие години беа навистина добри, а сега е послабо, затоа што нема млади, нема толку народ. Цените се нормални, не се работи за евтина гардероба, туку има голем избор. Воедно можат да прошетаат во градот, има каде да седнат на кафе. Доаѓаа луѓе од Пробиштип, Делчево, Берово, Кратово за да купуваат кај нас“, додаваат од друг бутик во Кочани.

Се смета дека во минатото градот имал стотина бутици и продавници за облека, но сега таа бројка според дуќанџиите е намалена, затоа што некои прекинале со работа. Кочанчани објаснуваат дека најголема побарувачка за облека и обувки вообичаено има за Нова година и Велигден. Тогаш е пикот, а воедно објаснуваат дека посебно во четврток, кога е пазарен ден, може да се најде евтин текстил на тезгите на пазарот во Кочани. Велат дека на шопинг во градот повремено доаѓаат и жители на Велес и Скопје, иако најбројни муштерии се оние од соседните градови.

Oд Општина Кочани велат дека градот има развиена трговија.

„Градот е познат по зимскиот скијачки центар Пониква, по браната Гратче, има доволно хотели, ресторани, сместувачки капацитети, но и многу текстилни фирми што го прави  атрактивен за шопинг“, вели Сашо Стоименов, раководител на одделението за локален економски развој и прекугранична соработка во Општина Кочани.

На ваков начин Кочани е атрактивно место за еднодневна посета, шопинг, посета на некој угостителски објект и прошетка во природа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор