ЗАБОРАВИЛ ДА ЈА КРЕНЕ РАЧКАТА - АВТОМОБИЛОТ ЗАВРШИ ВО МОРЕ: Нуркачи го извлекоа возилото со кран (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 13 Април, 2024
Утрово автомобил паркиран во близина на морето завршил во водите, јавуваат хрватските медиуми.
Имено, автомобилот утрово паднал во морето во Задар, но тој веќе е извлечен. Како што пишуваат медиумите од Хрватска, автомобилот завршил во морето, откако сопственикот заборавил да ја притисне рачната сопирачка.
При вадењето на автомобилот имало помали проблеми, бидејќи не можеле да ја лоцираат точната локација каде се наоѓа.
По пристигнувањето на нуркачите, кои успеале да го пронајдат местото каде што потонало, автомобилот бил извлечен со кран, јавуваат медиумите во Хрватска.
Фото: Принтскрин/Јутуб