05 Декември, 2025
0.0335

Забраната за штрајк е законска, не сме побарале забрана на синдикално делување и на идни штрајкови, вели правниот застапник на М-НАВ

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 12:15

Добивај вести на Viber

Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д. 

Барањето за забрана на штрајк се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и планови и програми за делување. Станува збор за целосна забрана на штрајк, кој е незаконски, а М - НАВ не побарал забрана на синдикално делувањето и на сите идни штрајкови, рече Николоски на прес-конференција, пренесувајќи го ставот на УО на М-НАВ дека организирањето на штрајкот е лична одмазда од Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Според Николоски, „Судот правилно утврдил дека известувањето за штрајк не содржи барање за заштита на права од работен однос, дека не е спроведена постапка за заштита од работен однос и оти ССКЛ како подружница нема правен легитимитет да организира, реализира и спроведува штрајкови“.

- ССКЛ е организиран како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски. ССКЛ со оглед на начинот на кој е  регистриран нема правен легитимитет и правен субјективитет и не може самостојно да презема дејство. Целокупното постоење и функционирање е исклучиво во рамки на Независниот синдикат. Согласно позитивните прописи секој регистриран синдикат задолжително се запишува во регистарот на синдикати што се води во надлежното Министерство. Во тој регистар под реден број 65 е запишан Независниот синдикат за сообраќај и врски, а никаде не е запишана ССКЛ и согласно тоа не можеме да кажеме дека станува збор за синдикат кој презема мерки на основа на закон, рече Николоски. 

Тој  дополни дека организирањето на подружницата како Синдикат воопшто не постои во правниот систем на државата. - Во правниот систем организирањето на подружниците постои согласно Закон за трговски друштва, каде се организираат подружници на трговските друштва,  постои подружница определана во Законот за здружение на граѓани и фондации. Синдикатите се организираат и основаат единствено на база на одредбите на Законот за трговски друштва. Одлуката на Судот е законска и транспарентна, наведе Николоски. 

Како што укажа, причините за организирање на штрајкот апсолутно се нејасни за УО на М-НАВ и вработените. - М НАВ е државна компанија со високо ниво на заштита на работничките права, за услови за работа, плата и останати права  кои се обезбедени и заштитени.  Доколку станува збор за вистинска заштита на работнички права со која треба да се поправат или унапред тоа треба да биде организирано на база на синдикално делување каде со мнозинство од членовите на синдикатот треба да се донесе одлука за стапување во штрајк, посочи адвокатот на М-НАВ. 

Дополни и дека УО на М -НАВ „со право констатира оти организирањето на штрајкот и обидот за негово спроведување е лична одмазда од Александар Тасевски, кој е претседател на Независниот синдикат и на подружницата ССКЛ.

- Веруваме дека станува збор за негова лична одмазда. И пред најавувањето на штрајот на прес-конференции сееше страв во јавноста дека ќе ни паѓаат авиони дека Македонија ќе биде центар на авионски несреќи. Со таквите изјави не само што се внесуваше страв меѓу населението, корисниците и пилотите, а се создаваше паника и кај контролорите на летање кои ги користеа системите. Од тогаш досега не се случија никави несреќи а и нема да се случат затоа што станува збор за професионалци. Причина  зошто е ова одмазничко однесување,  би истакнал согласно еден поранешен премиер, којшто велеше семејна фирма до трето колено. Прашајте го Тасевски каде бил вработен неговиот татко, дали во М-НАВ и правните претходници, каде бил вработен неговиот дедо, неговиот брат, и дали кога неговата ќерка и брат не успале да влезат кај него се создава желба за лична одмазда, рече Николоски. 

Не е точно, посочи тој, дека Тасевски воопшто не бил запознаен со поднесеното барање за забрана на штрајкот за што  беше известен на сите четири мејл адреси. Поканата за рочиште му беше веднаш доставена. Изјавата дека биле спречени да присуствуваат на рочиштето се апсолутно неосновани затоа што ако имаше намера да се присуствува немаше да се избегнува доставата, рече адвокатот на М-НАВ.

За тврдењето на М-НАВ дека штрајкот што беше забранет  е продолжение на најавениот штрајкот од 2023 година и оти е завршен процесот на помирување, Николоски наведе дека штрајкот од 2023 е завршен и прекинат со Спогодба.

- Дури и да станува збор за реактивирање, во известувањето мора да ставите  што од Спогодбата не е спроведено. Доколку постојат  реални прични за штрајк Независниот синдкат за сообраќај и врски во кој како подружница е регистриран ССКЛ има право со конкретни барања за заштита од работен однос да организира штрајк.Такви барања воопшто не се доставени, оцени Николоски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите