02 Декември, 2024
0.0262

Забранет лов на пастрмка на Дебарско Езеро и Радика до крајот на март

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро и Радика е продолжена до 31 март , по препорака на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, а врз основа на изработениот елаборат за риболовна основа. Како што информираат од Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, тоа значи дека има забрана за лов на пастрмка, како за рекреативен, така и за стопански риболов, што подразбира дека не смее да лови ни концесионерот „Охридска пастрмка“ од Струга, ни да порибува без специјална дозвола за тоа. „Со претходната одлука донесена врз основа на  Законот за рибарство, поради периoдот на мрестење на овој вид риба, беше воведена тримесечна забрана, од ноември до крајот на јануари. Сега забраната продолжува до 31 март“, изјави Лири Делиши началник на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар. Тој нагласува дека  освен редовната рибочуварска служба што ја воведе   концесионерот, продолжува зајакнатата контрола и од страна на другите надлежни служби, со цел заштита на пастрмката од нелегално ловење и заштита на приордниот мрест на истата. Поради тоа  последните месеци  максимално е намален бројот на рибокрадците. Според Делиши, рекреативен и спортски риболов е дозволен за сите други видови на риба, крап, мрена, скобал, плашица.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.