19 Декември, 2025
0.0909

Задолжување од 450 милиони евра: Убиство на Пржинскиот договор!

Објавено во: Економија 27 Јули, 2016 08:55

Добивај вести на Viber

“Задолжувањето поради немањето на пари во државната каса тешко може да се опише како финансиска инјекција. Тоа е само одложување од болен удар во ѕид. Но ова соочување е неизбежно и ќе го осетиме во 2020 кога ќе дојде време да се одплаќаат долговите”- вели за Фактор, граѓанскиот активист Владимир Делов. Критичката јавност е се поостра во реториката за последната еврообврзница,  граѓаните додава Делов со право се сериозно загрижени и веќе јасно и јавно бараат отчет и одговори за потрошеното но и за новиот јавен долг. Многу е тешко  вели, да го победиш на избори оној кој што располага со парите и институциите на граѓаните и тоа го злоупотребува,  бидејќи земјава има системски проблеми кои се таложеле со години кои нема да бидат решени  преку брз, површен и неинклузивен процес. “Ова го потврдува фактот дека доколку се одржат избори, тие нема да бидат сосема фер и демократски, но делумно ќе се реформираат клучните алатки кои што ја одржуваат оваа гарнитура на власт – избирачкиот список и медиумите. Сепак ќе се оди на избори после 10 години незаконско стекнување на предност и билдање на една политичка партија и мора да имаме предвид дека се уште ќе имаат на располагање инструменти кои што ќе ги прават овие избори – нефер”- смета активистот Делов. Политичкиот договор кој го постигнаа четирите партии  и неговото исполнување според Делов е нов тест за партиите. Одстапувањето  од максималистичките позиции како што вели  овозможи компромисно решение, но од друга страна и отворена можност за коцкарски избори. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ според него  цели кон задржување на нефер стекнатата предност, но неисполнувањето на обврските  би  значело  дека евентуалните идни преговори и договори би биле уште помачни и потешки и неопределената јавност ќе ги гледа со уште поголема доза на одбивност и сомнеж. “Коментарите на стручната јавност се дека најновите предложени реформи, се некакви пара-решенија, кои четирите партии ги имаат прифатено. Проценката на широката опозиција пак, е дека рејтингот на ДПМНЕ има претрпено низа шокови и дека брзи избори со некакви минимални исполнети обврски од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ (медиуми и избирачки список), би имале најсолидна шанса да избоксуваат победа или евентуално тесен пораз со можност за реванш на пролет. Победникот од такви избори, секој може да го карактеризира како спорен. Меѓутоа фер е да се постави прашањето, дали тогаш евентуалното опструирање на договорот, би зависело од рејтингот на партиите?”- додава Делов. Пораките на граѓаните кои со месеци преку движењето  Протестирам и Шарената револуција бараа активна вклученост на граѓанскиот сектор во носењето  на одлуките вели мора да наидат на сериозен пристап, бидејќи  само партнерскиот однос може да донесе позитивни  промени. “Ако сме скептични во однос на договореното и се залагаме за реформи, тогаш зошто да инсистираме на брзи избори? Од оваа причина датумот за избори, овој пат, не беше бетониран, а прашањето останува неодговорено. Меѓутоа, се чини дека постои обид за амортизирање на незадоволството со поканата за учеството на граѓанските организации да се запишат на пратеничките листи на СДСМ и преку партнерскиот однос да се сноси одговорноста од изборните резултати. Ова секако ќе значи и споделување на ризикот од исходот на изборите. Останува да проследиме дали опозицијата ќе успее да ги убеди граѓаните дека  нашето ослободување е непорекливо поврзано”- нагласува Делов. Ад-хок телото кое ќе го миниторира медиумското информирање треба да биде уште еден  тест за позитивен исчекор на партиите. Ова според граѓанскиот активист е далеку од реформи во медиумите, но можеби е максимумот што можеше да биде извлечен, и како што вели ќе игра улога на ублажување и намалување на доминацијата на наративот на владеачката партија. “Се што е спогодено како компромисно решение, е привремено решение и не е реформа. На Македонија и се потребни реформи, но потребните реформи создаваат некому нелагодност. На стручната јавност и се познати потребните реформи за медиумската сфера и таа одбива да земе учество и да сподели одговорност за ад-хок телото. Владеачката партија има во интерес да ги држи стандардите ниски, за да може да манипулира со јавното мислење и медиумите, а од друга страна, црвената линија ја повлекува токму кај нив поради значајноста”- смета Делов. Специјалното судско одделение кое  не беше  дел од пакетот во овие преговори останува единствена надеж за расветлување на случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Јасната подршка од меѓународниот фактор за ефикасно работење на СЈО е борбата за департизирани полиција и судство- што според Делов е предизвик со кој допрва ќе се соочат партиските опоненти. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар