20 Декември, 2025
0.0413

ЗАДОЦНЕТА СЛОБОДА: Криминален ум или наивен политичар во немилост на Берлин!

Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2015 08:11

Добивај вести на Viber

Откако хрватскиот Врховен суд ја укина првостепената пресуда против поранешниот премиер Иво Санадер, многумина се прашуваат, што се случи. Санадер ќе биде ослободен од притвор во Реметинец, ако ја плати кауцијата во износ од 12,4 милиони куни (1,7 милиони евра). Санадер беше осуден на девет години затвор и враќање на незаконски стекнати 15.27 милиони куни за аферата Фими медиа. Фактор неодамна објави Досие за аспењето на Санадер во кое детално објаснивме како и зошто беше уапсен Санадер, кој стои зад тоа апсење, каква е вмешаноста на меѓународниот фактор, но и на мафијата. За што беше уапсен Санадер Санадер се товареше дека преку агенцијата за маркетинг „Фими медија“ префрлал државни пари на сметката на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Поранешниот шеф на хрватската царина и некогашен благајник на ХДЗ, Младен Баришиќ, кој исто така беше уапсен поради аферата, во своето сведочење посочи дека Санадер лично во црни ќеси ги префрлал парите, добиени преку агенцијата. Според обвинителството, на државните институции им било наредено да ги користат услугите на „Фими медија“ и на тој начин домашниот буџет бил оштетен за околу 10,8 милиони евра, кои завршиле на сметката на ХДЗ. Покрај аферата со „Фими медија“, Санадер се поврзуваше и со сомнителните приватизации на компаниите „Подравка“ и ИНА, како и со повлекувањето пари за партиски цели од „Хрватското електростопанство“. Зошто мораше да падне криминалниот ум на хрватската политика? Десничарската ХДЗ, партијата на Санадер, веднаш по пресудата за Санадер оцени дека ова е пресуда за едно мрачно време и еден клептомански режим. Санадер немаше премногу слух за економијата, а имаше и малку познавања на таа тема, помалку отколку што мислеше, така што тоа е секогаш опасно, коментираат хрватските аналитичари. За поранешниот хрватски премиер зборуваше и неговата наследничка Јадранка Косор или како што ја нарекуваа „Каде Иво, таму и јас“. Таа од денешна перспектива ја истакнува апсолутистичката црта на неговата личност која не смеела да се доведе во прашање. Ден пред да ја поднесе оставката од премиерската функција беше опуштен, а неговата сопруга Мирјана пресреќна „Ме се јави и ме повика да отидам кај него. Помислив дека е криза во државата и дека се работи за нешто доверливо и дека ќе ми даде некоја задача. Беше многу лежерен, не можам да се сетам кога сум го видела така опуштен. Кога седнавме, ми рече дека заминува и дека ќе ме предложи за премиерка. Молчев, не можам да си дојдам на себе. Неговата сопруга Мирјана изгледаше како некој кој е насреќен на целиот свет, како да и се случило нешто најубаво“, се присети Косор на вечерта кога Санадер и ја соопштил одлуката. Санадер беше принуден на оставка „Го слушнав тоа за време на ручекот и бев запрепастена. Го добив на телефон дури после пладне и ми рече дека се чувствувал напуштено и дека не може повеќе. Го барав неколкупати, но никогаш не ми даде објаснување, се присеќава европратеничката Дорис Пак. Ангела Меркел го натера Санадер да си поднесе оставка? „Со Меркел разговарав неколку пати и се сомневам дека таа би имала било каква врска со тоа“, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Дорис Пак се согласува со ваквото тврдење и уште дополнува дека никој, па дури ни Меркел не го има присилено Санадер да си поднесе оставка, бидејќи сите беа запрепастени од неговиот потег. Санадер тоа лето (2009 година) го помина на својата јахта. Иако, замина, Санадер сепак сакаше да остане. Косор ја најави како негова најдобра наследничка. „Добивав информации како други челнови од ХДЗ и владата и понатаму одат на состаноци со Санадер“, вели Косор. Месиќ тврди дека Косор му се пожалила како министри одат на состаноци со Санадер, но не и со нејзе. Потенцираше дека ќе разговара со Санадер, тоа и го направи. Викиликс: Санадер од политиката го избрка мафијата Иво Санадер даде оставка на функцијата премиер на Хрватска поради закани на мафијата, која наводно му поставила ултиматум - или ќе си замине од функцијата или ќе почнат да му убиваат членови од семејството, соопшти Викиликс. Објавената инфорамција на сајтот на Викилкс  е во делот Организиран криминал, беше објавена во 2012 година како дел од објавените пет милиони мејлови на американската приватна разузнавачка служба Стратфор. „Изворот ни тврди дека Иво Санадер поднел оставка поради организираниот криминал. Во принцип, тој имал некаков договор со пристаништето Плоче, на местото каде Хрватска требаше да гради ЛНГ терминал. Тој во принцип се вмеша во организираниот криминал, а тие му дадоа избор или да се повлече или ќе почнат да му го убиваат семејството“, напишал во наведеното известување за Стратфор хрватскиот аналитичар Марко Папиќ. Папиќ во мејлот истакнува дека  Санадер ги следел наредбите на мафијата и истакнува дека веќе подолго време објаснувал дека Хрватска во целост е под палката на организираниот криминал. Санадер, сепак ги отфрлаше ваквите обвинувања. Го уапсија во Австрија Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер беше уапсен во декември 2010 година во Австрија, во покраината Салцбург, врз основа на меѓународната потерница што тогаш ја распиша Хрватска, на чие чело се наоѓаше токму Јадранка Косор, која тој ја назначи за негова наследничка. Бил уапсен на подрачје на покраината Салцбург, на наплатна рампа на автопат. Колкав е имотот на Санадер Имотот на Санадер денес се проценува на повеќе од 3,5 милиони евра. Најголемиот дел од јавноста е убедена дека тоа е незаконски стекнат имот и дека тоа лесно може да се докаже. Кој е Иво Санадер Иво Санадер е роден во Сплит. Потекнува од религиозно работничко семејство. Неговото семејство не било финансиски способно за да ги школува сите пет деца (има браќа и сестри). Во 1978 година се венчава со Мирјана, а истата година заедно од Сплит се преселуваат во Инсбрук , Австрија. Неговата сопруга студирала археологијата, додека Санадер студирал компаративна книжевност и романски јазици на Универзитетот Инсбрук. Во 1982 година, Санадер докторирал и се враќа во Хрватска ( тогашна Југославија ) со неговата сопруга. Се вработува во одделот за маркетинг на Далмација турист. Во 1988 година ја прекинува својата кариера во издавачката куќа, а во исто време без работа останува и неговата сопруга. Санадер одлучува поторно да се врати во Австрија со своето семејство , каде што како основа две фирми. Зборува англиски , германски, француски и италијански јазик. Беше премиер на Хрватска од 23 декември 2003 до 06 јули 2009 година. Татко е на две ќерки Бруна и Петра Санадер. И.М.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација