ЗАЕДНО ЌЕ ГЛЕДААТ ФУДБАЛ: Еве за кого ќе навива Јанев, Заев вели има исчекор во разговорите
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021
Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев попладнево заедно ќе го гледаат натпреварот Македонија – Украина.
На новинарско прашање, за кого ќе навива, бугарскиот премиер Јанев одговори:
„Тоа е најлесното прашање, ќе навивам за Северна Македонија“, рече Заев.
Инаку, по денешната средба, премиерот Зоран Заев изјави дека денеска со Јанев разговарале за билатералните односи и имале пријатен разговор со премиерот Јанев.
Според него, наша обврска е да работиме и да пронајдеме решение.
Техничкиот премиер Јанев изјави дека Бугарија ја поддржува европската интеграција.
„Ние цврсто ја поддржуваме европската интеграција на С.Македонија и во моментов има прозорец за решавање на проблемот. Имаме заеднички стремеж и треба да продолжиме со дијалогот“, рече Јанев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.