23 Јуни, 2018
0.3900
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

Заев 7 пати го спомна Груевски во говорот, Животот доминира, Режимот речиси поразен

Објавено во: Анализа 09 Октомври, 2017

Зоран Заев, лидерот на СДСМ и актуелен премиер, на вчерашниот централен митинг  во Скопје, дури 7 пати го спомена името на неговиот главен политички ривал Никола Груевски при што се обиде да му ги нанесе финалните удари во последната недела од изборната кампања.

Заев започна со најавата дека Мерцедесот на Груевски ќе го продаде за парите да бидат попаметно искористени иако има критики дека токму такво возило и многу потребно на владата, па дури и дека новите министри на СДСМ го „тестираа“.

- Вечерва ви најавувам, ќе го вратиме Тенкот, Мерцедесот на Груевски од 600.000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија. Нека биде ова симбол на новото време во кое ставаме крај на расипничкото трошење и воведуваме социјални политики согласно потребите на граѓаните, се закани Заев.

На вчерашниот митинг беше побарана силна поддршка за кандидатот за градоначалник на град Скопје Петре Шилегов кој ќе има тешка задача да го порази Коце Трајановски, но тој воопшто не беше спомнат туку секако човекот над него - Груевски. 

- Се сеќавате на она „вистината е како шило“. Е излезе на површина. А на овие избори имаме уште едно шило. Тоа е вистината за Скопје, тоа е вистината за Никола Груевски, тоа е вистината за Коце Трајановски. Тоа е нашето шило – Шилегов! Новиот градоначалник на градот Скопје. На нашиот главен град, поентираше Заев.

Последните зборови Заев посветени на Груевски ги адресираше за состојбата во која сега се наоѓа неговиот режим и дека борбата мора да биде завршена.

- Она што остана од криминалниот режим на Груевски до петни жили се бори и се надева дека, преку градоначалниците што еден човек сака да ги контролира, ќе се одржи во живот.

Виде Груевски дека народот не му ја есапи новата ера, па замислете сред кампања измисли некои 13 точки. Без анализа, без стратегија, без размислување. Ни повеќе, ни помалку, 13 точки. Ај мајката. За да се совпаднат единствено со редниот број на изборите. Господ да чува и да брани. А од друга страна тие што се уште го поддржуваат Груевски се плашат бројот 13 да не им бил баксуз. А бре луѓе, не ви е баксуз бројот! Груевски ви е баксуз!

Затоа, почитувани граѓани, ајде да излеземе масовно следната недела, на 15-ти октомври, и да им покажеме дека Македонија ги надмина. Ги надмина и Груевски и неговите кандидати за градоначалници, истакна Заев пред насобраните поддржувачи и симпатизери.

Најспомнуван збор во вчерашниот говор на Заев секако беше „Живот“ кој дури 17 пати го кажа и тоа е дел од главниот слоган на СДСМ за овие избори. Најмалку од „клучните“ зборови од политичкиот речник на СДСМ досега беше искористен зборот режим кој Заев за разлика од претходниот изборен циклус го употреби само два пати и тоа кога ги повика граѓаните да му помогнат да ги порази остатоците од режимот на Груевски.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Дали деблокирањето на евроинтеграциите ќе ја раздвижи економијата?

Дали деблокирањето на евроинтеграциите ќе ја раздвижи економијата?

Кој акционер од штипски „Бетон“ ги продаде своите акции?

Кој акционер од штипски „Бетон“ ги продаде своите акции?

Граѓаните се повеќе се задолжуваат со „брзи“ кредити

Граѓаните се повеќе се задолжуваат со „брзи“ кредити

Кој „крои“ во штипски „Бетон“?

Кој „крои“ во штипски „Бетон“?

Граѓаните соголени до гуша: Фрапантни суми наплатени од извршителите

Граѓаните соголени до гуша: Фрапантни суми наплатени од извршителите

Кој лапна најмрсна дивиденда?

Кој лапна најмрсна дивиденда?

Може ли да се одбие оваа понуда? Претседател на УО нуди 71.000 евра да ги купи сите слободни акции !

Може ли да се одбие оваа понуда? Претседател на УО нуди 71.000 евра да ги купи сите слободни акции !