Заев: Бранко Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2021 10:06
Премиерот Зоран Заев не верува дека поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.
- Гледам овие денови темата е присутна во јавноста а никој не прашува дали е точно. Бранко Црвенсковски не може да биде ништо друго освен СДСМ. Тоа не е точно, но дефинитивно него треба да го прашате. Тој е еден од основачите и бил премиер и претседател на државата и е наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта. Убавината кај нас е што сме многу различни низ своите сваќања, Знае и раководството да се повлече пред членството, знае и членството да се повлече пред раководството, рече Заев.
Актуелниот претседател на СДСМ денеска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, изврши увид на реновираниот објект на полициската станица во Ресен.
Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ. Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини а истовремено Радмила Шекеринска по осум години се повлекува од функцијата како потпретседател на владеачката партија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





