Заев: Бугарија ја направи првата блокада, го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Бугарија денеска го прекршила членот 2 од Договорот за добрососедство, во кој се вели дека соседот треба да и помага на Северна Македонија на патот кон членството од Европската Унија.
- Имаме прва блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство, рече кусо Заев и дополни дека за тоа е информиран од Брисел, без да изнесе детали. Тоа за него е непријателски сигнал и додаде дека тоа значи дека е стопирана првата фаза од креирањето на преговарачката рамка помеѓу Македонија и ЕУ.
„Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската
и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за
нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето
искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за
членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за
членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија.
Во понеделник е предвидена средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во рамки на Берлинскиот процес, но Заев рече дека можеби нема да дојде до средбата, откако претседателот на бугарската влада објави дека е позитивен на Ковид-19.
- Ќе можеме да се видиме и поразговараме со Борисов ако е во добро здравје, ако не, ќе одржиме онлајн самит, додаде Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.