29 Септември, 2024
0.1466

Заев денеска во Познањ, средба и со францускиот премиер

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во Познањ денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел од таканаречениот „Берлински процес“, на кој едно од главните прашања е понатамошната интеграција на регионот во европското семејство. 

Предвидено е премиерот Зоран Заев во Познањ да оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип, при што двете страни подетално ќе ги разјасант актуелните позиции во врска со проширувањето. На крајот на самитот Заев ќе одржи заедничка прес конференција со полскиот домаќин Матеуш Моравијецки, со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Ќе биде одржана конференција за западен Балкан, на која треба да учествува и германската канцеларка Ангела Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

Состанокот со Заев на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер. На средбата Заев ќе се обидe да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.

Во меѓувреме се огласи францускиот претседател, Емануел Макрон. кој даде песимистичка изјава дека е категорично против ново проширување на ЕУ сѐ додека не се реформира самата од внатре.




Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“