Заев и Меркел разговараа за две многу важни теми
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020
Германија сторила многу за европската иднина на Западен Балкан.
Oва го рекол премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со канцеларката на Германија, Ангела Меркел.
Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од Владата.
„Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ“, стои во соопштението.
Заев се заблагодарил за ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на Меркел.
Двајцата зборувале и за корона кризата.
Германија одамна го застапува ставот дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.