Заев и Мицкоски во карантин: Биле во контакт со новинар позитивен на Ковид-19
Објавено во: Македонија 10 Април, 2020
Лидерите на
двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски
од денеска се во домашен карантин, изјави министерот за здравство, Венко
Филипче, нагласувајќи дека и двајцата биле во контакт со новинар позитивен на
вирусот. Лидерите гостувале во ТВ-интервју кај новинарот.
Министерот рече дека и Заев и Мицкоски веќе направиле тестирање за коронавирусот.
-Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но останува во задолжителна изолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Резултато на Зоран Заев се очекува да биде готов во текот на денешниот ден, рече министерот.
Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на лекување во болницата 8 Септември
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.