Заев: Изборите се неизбежни ако опозицијата ....
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2018 07:52
Aко опозицијата се обиде поради лични калкулации да ја опструира иднината на Македонија внатре во ЕУ и НАТО , владеачката коалиција ќе мора да распише предвремени парламентарни избори.
Тоа го рекол премиерот Заев во интревју за BHTV1.
„Ќе направиме се за да го обезбедиме неопходното мнозинство во парламентот за уставните амандмани. Сепак, ако опозицијата се обиде да ја опструира иднината на Македонија само поради лични интереси, изборите се неизбежни“, кажал премиерот Заев.
Заев навел дека е убеден оти и опозицијата го поддржува влегувањето на земјата во ЕУ, но поради политички калкулации „прави што сака“.
„Дури и лидерот на опозицијата, кој го бојкотираше референдумот, ако го прашате ќе рече „ДА“ за ЕУ и НАТО, и верувам дека тоа е вистина, Но тој сака неговата партија да се врати на власт и со такви аспирации ја загрозува ид нината на нашата земја. Иднината на Македонија е во прашање и сите носат голема одговорност за тоа, што е над мене, над опозицискиот лидер и политички партии“, рекол Заев.
Запрашан дали референдумското прашање е причина за слабата излезеност на референдумот, Заев рекол: „Сите сме за ЕУ и НАТО и сме свесни дека нема да има ни ЕУ, ниту НАТО, без договор со Грција“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





