Заев најави помош за лозарите
Објавено во: Економија, Агробизнис 03 Септември, 2019 20:44
Владата синиќа одлучила да им помогне на лозарите, најмалку како што беше ланската интервенција од денар за килограм предадено грозје, но можеби и повеќе, зависно од можностите.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти премиерот Зоран Заев.Дали производителите ќе добијат поголема поддршка од минатата година ќе се знае, како што рече Заев, кога ќе почне откупот.
Премиерот кажа и дека се преговара со визбите околу шеќерните единици – да бидат фер поставени како основа на откупувачката политика.
„Ќе ги следиме сите можности што ни стојат на располагање. Секако во тековниот период, кога ќе почне откупот, и ќе ги соопштиме сите наши можности. Но, од оваа година имаме дополнителна поволност заради падот на севкупните каматни стапки, веќе и исплатата на откупеното грозје ќе се исплаќа во готово со огромен, поголем процент зашто калкулациите кај визбите покажуваат дека ако земат кредит и веднаш тоа го направат, тогаш, поради поевтините каматни стапки, многу брзо лозарите ќе дојдат до самите пари“, изјави Заев.
Потсети дека Владата досега веќе интервенираше во градинарството и овоштарството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации





