Заев најави прочистување во судството
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на конгресот изјави дека додатоците за попреченост во 2021 година ќе пораснат за 15 отсто, а децата кои се од семејства со ниски приходи ќе одат бесплатно во градинка.
Најави задолжително овошје и зеленчук во сите основни училишта.
Младински центри ќе има во сите општини.
Заев најави и нов Клинички центар во главниот град.
„Фер и праведно општество не е можно без силно правосудство. Време е за ред, дисциплина и правда“, изјави Заев.
Најави прочистување во правосудството. Вели дека ќе има разрешување на судии, но и проверка на имотот на судиите и обвинителите.
Програмата ќе се темели на пет столба, меѓу кои спаѓаат грижа за сите, право, првда, влез во НАТО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.