Заев: Нашите листи се авангарда во ова современо живеење
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека листите им се авангарда во ова современо живеење.
Заев вели дека е убаво што се развила дебата за пратеничките листи на СДСМ.
Додава дека токму за различност и дебата се бореле. Додава дека на листите има и поранешни пратеници и нови пратеници.
„Нашите листи се авангарда во ова современо живеење, проткаени се со многу независни пратеници. Нашата цел беше да се отвори дебата и еве се отвори дебата за тие листи. Ние ги повикавме сите кои што навремено, порано, покасно и дополнително ќе се одважат против режимот и сите се добредојдени да соработуваат со нас“- рече Заев.
Вели дека со мерките кои ги предлагаат како зголемување на социјалната помош, правичното оданочување, поврат на 15% од данокот за додадена вредност целта е да има побогати граѓани и намалување на социјалните разлики во Македонија.
Според Заев, не може Македонија да ја има најбогатата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот.
Дел од партиските членови реагираа затоа што Горан Сугаревски, Марјанчо Николов, Стојко Пауновски ги нема на листите.
Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници.