Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2021 16:41
Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки за пожарот во модуларната болница во Тетово.
Заев вели дека министерот за здравство, и заменик министерот, Венко Филипче и Илир Хасани направиле многу и спасиле илјадници животи.
Тој денеска на прес - конференција изјави дека ќе се засилат контролите во модуларните болници. Заев кажа дека го имал во предвид целокупниот професионален ангажман на Филипче и Хасани.
„Болката е огромна кај сите, но мора да мислиме не само за денес и за утре“, рече Заев.
Тој вели дека не сме единствена земја која се соочила со трагедии, и такви имаше во Романија.
„Продолжува истрагата, институциите истражуваат многу други елементи. Но, на сите ни е јасно што значи просторија полна со кислород“, додаде Заев.
Tврди дека модуларните болници се правени по стандарди како и во други држави.
Пожарот се случи на 8-ми септември, при што загинаа 14 луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





