Заев нема да јаде „живи“ луѓе - Никој што работи професионално нема да биде избркан
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Зоран Заев во интервјуто за емисијата 24 Анализа одговори и на прашањата за менаџирање на јавната администрација и дали би се решиле за бркање на административци кога СДСМ ќе дојде на власт, особено потсетувајќи се на изјавата дека ќе јаде „живи“ луѓе.
„Одговорно тврдам дека ниту еден од вработените во јавната администрација нема да биде избркан. Ќе се почитува професионалноста и спремноста, без оглед дали некој е член на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, така да никој не треба да стравува за своето работно место. Тоа го докажав како градоначалник на оштина Струмица каде наследив администрација која претходно беше управувана од кадар на ВМРО-ДПМНЕ и сите квалитетни раководни лица ги задржаа своите работни места“, одговори Заев.