09 Октомври, 2024
0.0291

Заев: Непосакуваниот начин значи работење на СЈО без специјален обвинител

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска на заедничката прес-конференција со Филип Рикер, помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, демантираше дека предлог-законот со кој ќе се продолжи работата на СЈО ќе се донесе „на непосакуван начин без согласност од опозицијата“ како што вчера истакна во Собранието одговарајќи на новинарски прашања. Како што кажа пефот на Владата, мислел на тоа дека последиците ќе бидат непосакувани, бидејќи Специјалното јавно обвинителство ќе мора да продолжи да работи без шеф ако не се изгласа со најмалку 80 пратенички гласови Законот за Јавно обвинителство.

- Посакуваме законот да се донесе со консензус, низ дебата, што нема да го наруши владеењето на правото. ќе ја гарантира целокупната правда и правната држава. Мандатот на шефот на СЈО истекува на 15 септември, но не и на мандатот на самото СЈО, кој има уште една година за работа под актуелни услови. Непосакуваниот начин значи дупка од една година без лидер и ќе треба да доаѓаат експерти, стручњаци за изнаоѓање решенија, рече денеска Заев пред Рикер.

Американскиот дипломат порача дека опозицијата не треба да игра со факторот време и законот за интегрирање на СЈО како Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција во редовното ЈО да се изгласа побрзо. Рече дека носи пораки од претседателот на САД, Доналд Трамп, и од државниот секретар Мајк Помпео.

- Се радувам на можноста да се сретнам со опозицијата. Улогата на опозицијата е  клчучна и мора да биде конструктивна. Северна Македонија мора да се движи напред. Ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено и задржување на времето не треба да има. Јас ја поттикнувам опозицијата да работи во насока на просперитетот. Тука бев во тешкиот период во 90-тите и се враќам како асистент, драго ми е тука да го изразам восхитот на САД за се она што вие го постигнавте. Преспанскиот договор останува модел за храбри решенија, економскиот раст е тука и интересот од американскиот приватен сектор е импресивен,. Јас веќе можев да наздравам со министерот за надворешни работи за тоа што ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО помина во комитетот за надворешни работи во Сенатот, рече Рикер.

Заев рече дека досега 21 земја го ратификуваа членството на Македонија во НАТО о дека очекува оваа постапка да биде завршена во САД до октомври.

- Ние сме целосно посветени на последниот заеднички исчекор со опозицијата за законот за ЈО да и покажеме на меѓународната заедница дека тоа се наши стратешки определби.  Сите го очекуваат признанието за исполнетите демократски реформи, за добрите односи со соседите и напредок кон членството во ЕУ и НАТО, рече Заев.

Рикер промената на власта во Грција ја оцени како „транзициски успешна“ во однос на добрососедството со Маледонија.

- Имате постигнато многу за да ги постигнете зададените критериуми. Во предлог-законот за СЈО има добра основа. Се надевам дека опозицијата ќе биде витална за иднината на земјата. Истовремено мора да се осигурате дека истрагите ќе бидат транспарентни, а знам дека премиерот сала тоа да продолжи на соодветен начин, бидејќи никој не е над законот.  Нашата амбасадорка Кејт Брнс е целосно подготвена за оваа важна улога што ја има. Сите ние од Западот сакаме да имаме просперитетни и стабилни сојузници. Дел од моето срце секогашп останува тука во Македонија, наведе Рикер.



Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл