29 Септември, 2024
0.0265

Заев: Обврска на сите парламентарни партии е напредокот на Македонија

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Редовно се јавува на сите судски рочишта а денес судењето беше одложено на барање на Јавниот обвинител, коишто како што бевме информирани од судијата е на службено патување и е отсутен, презакажано е следното рочиште за 26 февруари во 11:30 часот, истакна премиерот Заев.

„Стратегијата на адвокатите останува таа што ја наговестивме и пред судиите во судските рочишта, и пред јавноста, јавноста е информирана. Секако решението е укинато сега треба веројатно судијата да се изјасни повторно по упатствата на судот, не сум правник, повеќе овие работи ги оставам на адвокатскиот тим којшто работи на одбраната, но секако се надевам на брзо судење, се надевам на транспарентна постапка, се надевам на доказите јасно достапни во процесот пред се, но и за јавноста. Истовремено заради тоа што знаете дека покрај правно –формалниот аспект на самиот процес и постапка против мене, се работи за политичар за којшто јас лично мислам со функцијата којшто ја извршувам треба да останам и со чист образ и пред граѓаните за да ја обавувам функцијата која што ја извршувам, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање премиерот за Законот за јазиците и амандманите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече:

Законот е во нормална постапка, по транспарентно објаснување за самиот закон лично јас од Охрид го презентирав самиот закон, се отвори дебата, да напомнам тоа беше уште лани летото, дебатата е отворена јас верувам дека согласно законот за Собрание, Деловникот, и другите позитивни законски прописи Собранието ќе постапи и очекувам да се води работата на координација, која се договара кај претседателот на Собранието. Она што е многу важно за мене, е демократските процедури согласно законот за Собранието и Деловник да бидат запазени. Јас сум Зоран Заев што водеше борба за слобода и демократија, демократијата е императив, секако правото на опозицијата да поднесува амандмани е право коешто треба да се почитува, но истовремено и обврската дека и со таквото право се блокира Собранието. Јас сум загрижен што ќе се случи со реформите, како ќе одат законите коишто се важни од планот 3-6-9 од реформскиот процес, Македонија е навистина пред позитивна клима со можна позитивна препорака за отпочнување на преговорите и се надевам во јуни месец и на датум за преговорите. Ако ги заглавиме реформите, навистина не можеме да кажеме дека ќе се движиме по ваквиот процес и правец, очекуван и добар за Македонија, но верувам дека и опозицијата ќе биде разумна во делокругот на Деловникот којшто Собранието го нуди и дека во разговори помеѓу координаторите и претставници и на опозицијата и на владејачките партии, ќе се изнајде решение.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“