ЗАЕВ ОД АЕРОДРОМ: Федерализацијата е само во главата на патриотите
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016 19:50
Со македонската химна опозицијата го почна вечерашниот митинг во скопски Аеродром.
Доаѓа, слобода, правда, демократија, живот во нашата Македонија. Вака лидерот на СДСМ го почна обраќањето пред Аеродромци.
Тој оттаму уште еднаш го повика Груевски на ТВ Дуел на било која телевизија.
Го праша од што се крие, од што бега овие десет години.
Пред насобраните граѓани Заев ги презентираше мерките на неговата партија во програмата наречена План за живот.

Тој рече дека ветувањата на Груевски за покажување на минималната плата на 14 000 не се мерки, туку лага и рече дека неговиот опонент повторно ги дели работниците во текстилната и кожарската индистрија, кои според статистика имаат најмали плати.
Заев рече дека доколку СДСМ ги добие изборите минималната плата во мандатот кој ќе го имаат ќе ја покачат на 16 000 и ќе бидат иста за сите сектори, додека месечните просечни примања во секое семејство ќе ги направат 500 евра.
Заев се обврза дека болничките услуги ќе бидат достапни за сите, бесплатно болничко лекување за сите, без да се грижат граѓаните дали ќе имаат пари за да платат.
Заев рече дека нема намера да го менува Уставот и дека федерализацијата е само во главите на патриотите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




