20 Декември, 2025
0.3077

Заев од конгресот на Сириза: Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот

Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 20:53

Добивај вести на Viber

Не третиот конгрес на грчката партија СИРИЗА се обрати и екс премиерот Зоран Заев. 
Тој кажа дека со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас работеле за мир и тој успех има влијание многу подалеку од регионот.

„Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста. Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји. Тоа е најскапоцената придобивка. Можете ли да замислите колку можеме да изградиме на овие темели во иднина? Не двоумете се, не ограничувајте ги вашите соништа и визии – да, нашите граѓани, нашите општества и нашите земји можат да изградат регион на просперитет токму на овие темели“, рече Заев. 

Вели дека треба да соработуваме уште повеќе од претходно. Во однос на војната во Украина, кажа дека ја поддржува независноста и територијалниот интегритет на земјата и изрази сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. За Украина, Заев вели дека е потребен итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право. 

Заев и Ципрас во 2018 година го потпишаа Договорот од Преспа кој стави крај на три деценискиот спор за името. 

foto Facebook

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки