Заев откако Рашковски беше фотографиран во Аеродором: Колку што знам, може да оди на лекар
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2021 11:04
Поранешниот државен секретар Драги Рашковски, кому му е одреден куќен притвор за спорна набавка на софтвер, е фотографиран како се шета низ Аеродром, а премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека поранешниот владин функционер има дозвола да оди на лекар.
Заев вели дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.
– Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби, одговори Заев.
Во меѓувреме и полицијата потврди дека ова му се дозволува со решение од судот за да оди на лекар.
- Рашковски смее да излезе од дома само за на лекар, во точен период од денот за да ја добие здравствената услуга.
Дозволата е за точно определени денови.
Во останатиот период од денот (освен
периодот од неколку часа, кој му е дозволен
од судот) Д.Р. ја почитува мерката.
Конкретно денеска се направени две
проверки од полициски службеници на СВР
Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е
изречена“, рекоа од МВР.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер





