22 Ноември, 2024
0.0284

ЗАЕВ ПОТПИШАЛ ЧЕТИРИ, ГРУБИ ТРИ - досега имаме седум стратешки инвестициски проекти, сите за струја од сонце и ветер

Објавено во: Економија 30 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Зоран Заев потпишал четири владини одлуки за стратешки инвеститори на земјава, додека, пак, првиот вицепремиер за политички систем Артан Груби го ставил својот потпис на три такви одлуки.

Така што, досега се донесени вкупно седум одлуки за прогласување на стратешки инвеститор на територијата на земјава, и сите се во енергетската област. Тоа го покажуваат податоците кои ги објавила Владата на својата веб страница, наведувајќи ги седумте одлуки за стратешки инвестиции. Последната одлука е донесена на крајот на декември минатата година.

Оттогаш наваму не е донесена одлука за прогласување на стратешки инвеститор во земјава. Тоа значи дека премиерот Димитар Ковачевски се уште нема потпишано еден таков капитален преоект, или ако такво нешто се случило, со таа информација се уште не е ажурирана владината веб страница.

Овие одлуки се одобрени врз основа на Законот за стратешки инвестиции. Но, како што предвидува самиот тој закон, и конкретно за секој стратешки инвестициски проект треба да се донесе посебен закон во Собранието. Такво нешто досега не се случило, за да почне реализацијата на овие проекти.

За два од овие проекти нема податоци за тоа колку ќе изнесува нивната вредност, а пет од нив се проценува дека ќе донесат вкупни инвестиции од 1,07 милијарди евра, барем според најавите кога се направија нивните јавни промоции.

На 29 декември лани во Службен весник е објавена одлуката на Владата донесена на седница ден претходно, со која проектот „Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци“ на фирмата Друштво за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори Промарк Енерџи ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје, се утврдува со статус на стратешки инвестиционен проект. 

Инаку, оваа фирма се пријавила на владиниот јавен повик кој бил објавен се до јануари ланската година. Всушност, сите огласи што ги објавува Владата за стратешки инвестициски проект важат до јануари во тековната година, по што повторно се објавува нов оглас кој трае една година.

Како што тогаш објавила владината прес служба, фотоволтаичните електрани во Јамуларци и Скандалци ќе имаат вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра.

Оваа последна засега објавена одлука за прогласување на стратешки инвеститор е потпишана од поранешниот премиер Зоран Заев, кој од стартот на годинава се повлече од функцијата, поради, како што рече, лошиот резултат остварен на локалните избори.

Само неколку дена претходно, на 13 декември лани во Службен весник на земјава е објавена владината одлука за утврдување со статус на стратешки инвестиционен за проектот „Хец Солар“ на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Хек Солар МК ДООЕЛ“ од Скопје. И на оваа одлука свој потпис ставил поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев.

ХЕК Солар МК ДООЕЛ Скопје, како што беше соопштено, ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати, и со вредност од 53 милиони евра.

Уште една одлука за стратешки инвестициски проект била донесена во истиот месец, односно декември, и на истата владина седница. Со неа проектот „Грид-тиед солар плант“,на компанијата Друштво за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернатионал ДООЕЛ“ од Скопје, добил статус на стратешки инвестиционен проект, исто така по објавениот јавен повик заклучно со јануари лани. Зоран Заев го потпишал и овој капитален проект.

Станува збор за инвестиција во фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати.Соларната електрана на стратешкиот инвеститор вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во Општина Делчево.

Првиот вицепремиер, пак, Артан Груби, во ноември лани ја потпишал одлуката за прогласување на стратешки партнер на проектот „Соларен парт Стипион“ на правното лице Друштво за производство на електрична енергија „Остро Солар ДООЕЛ“ од Скопје.

Оваа инвестиција лани во последниот месец од годината ја промовираше поранешниот премиер Зоран Заев, кој најави на прес конференција дека „Соларен парк Стипион“ ќе се гради на 452 хектари во Штип и е стратешки  проект којшто ќе се реализира со водечката француска компанија „Акуо  енерџи“. Инвестицијата се очекува да биде 270 милиони евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати.

Заев тогаш рече дека во фаза на подготовка е законот за оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првата половина од годинава, изнесувајќи проценка дека оваа француска  инвестиција е прва и најголема од ваков вид на Балканот. Проектот ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства, а треба да почне да се гради годинава на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата на која беше предвиден  карго аеродром на површина од 452 хектара.

На тендерот се пријавиле компании кои ќе произведат 207 мегавати електрична енергија, со премиум тарифа. Заев најави дека првите количини електрична енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво, што претставува 16 проценти од годишното производство на струја од АД ЕСМ.

Претходно, Артан Груби, поточно во септември лани, потпишал одлука со која стратешки инвестициски станува и проектот „Сончева електрична централа - Ерџелија“ на правното лице Друштво за производство на енергија „ЕФТ Солар ДООЕЛ“, исто од Скопје.

Во септември имало уште една одлука за стратешки проект, „Ветерна електрана-Вирови“ на компанијата Друштво за производство, трговија и услуги „Ветерен парк Вирови ДООЕЛ“, со седиште во Скопје, а потпишана исто од првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби.

Инаку, овој парк ќе го гради германската компанија „Впд“,а ќе има моќност од дури 415 мегавати. Оваа ветерна електрана ќе се гради на потегот Куманово - Старо Нагоричане - Крива Паланка, а нејзината вредност се проценува на дури 500 милиони евра. Ова е најголемата поединечна директна гринфилд инвестиција во земјава од независноста до денес. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

И конечно, најстариот стратешки проект од ланската година, односно воопшто првата стратешка инвестиција во земјава, била потпишан од претходниот премиер Зоран Заев во јули лани, за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“, на фирмата Друштво за трговија и услуги „Зока Енерџи Солушн увоз - извоз ДООЕЛ“, со седиште во Неготино.

Од Владата соопштија дека „Зока енерџи солушн“ обезбедува единствено еколошко решение за справување со проблемите на отпадот од депониите и негова трансформација во обновлива енергија и рециклирани суровини за индустријата. Но, жителите на Неготино протестираа против отворањето на фабриката во нивниот град.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто