Заев: Секој кој се одважил против режимот ќе добие шанса
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Зоран Заев, во интервјуто на 24 Анализа одговори на „жешките“ прашања за изборот на одредени кандидати кои се најдоа на пратеничките листи, вклучувајќи ја и Лилјана Поповска од ДОМ, која по големите критики на јавноста самата се повлече од добитното место.
„Точно е дека Лилјана Поповска со ДОМ беше соучесник во режимот на власта, но треба да се поздрави секој кој се одважил и реагирал кога видел како се владеело. Прашањето е кој признава, а кој не и мора да ги почитуваме таквите вредности. ДОМ имаат значење за граѓаните и секој кој се спротиставил на овој режим мораме да му дадеме шанса. Таа покажа дека ова не е лична борба, се откажа од добитното место, праќајќи порака дека се работи за интересот на Македонија за таа конечно да биде ослободена, посочи Заев.
Лидерот на СДСМ смета дека изборот на кандидати е нова вредност во Македонија и дека тие се насочени кон граѓаните, а исто така време било да им се даде шанса и на други личности кои може да дадат придонес.