07 Мај, 2024
0.0273

Заев: Со Никола Груевски и неговите соработници компромисот е невозможен

Објавено во: Македонија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ Зоев изјавил во интервју за српски „Данас“ дека е лага оти Македонија ќе ја тужи Србија за геноцид.

Како што вели, тоа биле лаги за да ја скараат Македонија со „пријателскиот српски народ“.

„Србија не е само наш сосед, туку и братски народ со кој го делиме минатото, културата, традицијата, историјата и заедничката иднина во евроинтеграциите. Имаме добри односи со официјалните власти во Србија и јас не само што не очекувам, туку и ќе се залагам како премиер да ја унапредам соработката на сите нивоа“, вели Заев во интервју за денешниот број на   „Данас“

Говорејќи за спорната Тиранска платформа вели дека таа предвидува поширока употреба на јазикот на националните малцинства-албанскиот, турскиот, српскиот, ромскиот и влашкиот.

„Каде и колку што е можно со Уставот и законите бидејќи со тоа добиваат сите граѓани на РМ, а Македонците не губат ништо. Напротив, ќе ја зајакнеме употребата на македонскиот јазик, бидејќи поради неодговорните досегашни власти во некои средини, иако по Устав македонскиот јазик е официјален,постоеле само табли на јазиците на малцинствата. Тоа веќе не може да биде случај“, наведува Заев.

„Програмата на новата влада не предвидува менување на химна, грб, знаме, нема осудување на другите народи за некаков геноцид, како што биле лаги за да не скараат со нашиот пријателски српски народ, не е предвидено да се менува уставното име на Македонија . И нема сепаратизам. Сите сме заедно, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, додава тој.

Освен тоа, Заев наведува дека во Македонија е вопоставено ново парламентарно мнозинство и вршителот на должноста претедател на државата Ѓорге Иванов „не  смее да му смета на демократскиот процес“.

„Мора да овозможи да добијам мандат за формирање на нова влада, со оглед на тоа дека зад мене стојат, со своите потписи 67 и 120 пратеници на Собранието. Тие 67 пратеници претставуваат околу 700 000 граѓани на Македонија. Тој нема право да одлучи дали ќе ми даде мандат или не, неговата улога е церемонијална“, вели Заев.

На прашањето дали е можен компромис помеѓу него и Груевски вели:

„А зошто да постигнуваме компромис Груевски и  јас? Тоа само би било на штета на граѓаните и државата, а јас сакам да помогнам. Тој ги мрази луѓето и ги дели, а јас сакам да ги обединам. Со Никола Груевски и неговите соработници компромисот е невозможен“.

Македонија е без влада од вонредените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и досегашниот премиер Никола Груевски како претседател на најсилната партија доби мандат од Иванов, но не успеа да формира влада.

Заев после тоа обезбеди мнозинство но Иванов не сака да му го даде мандатот.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта