16 Мај, 2024
0.0320

Заев со трајни работни места за младите сака да спречи одлив на мозоци

Објавено во: Економија 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска на деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори најави обезбедување трајни работни места за младите и нивно дообразување преку бруто плата што ќе ја дава државата. 

Целта на мерката вредна 500 милиони денари или 8,8 милиони евра до крајот на годинава е младите да се задржат во Македонија, односно да се спречи одливот на мозоци, смета премиерот. 

„Младинската гаранција значи државата да финансира во одреден период директно пари за бруто плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се пуштат во тренинг или во трајно вработување. За бизнис заедницата тоа ќе значи бесплатно подготвување кадар, обучување на претходно теоретски подготвените млади луѓе, со намера, ако навистина вредат, да добијат трајно вработување и да биде искористен нивниот потенцијал”- рече  Заев во обраќањето на појадокот.

Заев вели дека целта е луѓето да останат овде и да планираат свои семејства во Македонија.

„Определивме квалитетни средства за оваа намена кои во најголем сегмент сакаме да ги имплементираме во бизнис заедницата, односно преку приватните компании. Ако засега проектирана сума од 500 милиони денари се мултиплицира тројно или за четири пати, бројката ќе биде огромна со единствена цел, стопанството трошковно да се растовари и да се реши проблемот на младите кои немаат ден практично искуство, како и да останат во Македонија”- објасни Заев. 

Тој побара поддршка и соработка од компаниите. Побара и да бидат похрабри во обезбедувањето нови работни места за кои државата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата