ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД
Објавено во: Економија 15 Мај, 2024
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
По три последователни недели во позитива, априлската корекција на берзите е заборавена. Главните берзански индекси повторно пораснаа минатата недела и се приближија до рекордните нивоа од март.
Технолошките акции ги зголемија приходите за 8,9% на годишно ниво
Американските акции се веќе 8% над највисоката вредност од претходниот надолен тренд, кој заврши на почетокот од 2022 година. Во меѓувреме, профитот на котираните компании исто така се зголеми. До крајот на минатата недела, приближно 80% од компаниите во рамките на индексот S&P 500 ги објавија своите резултати. Севкупно, тие го зголемија профитот за 4,4% на годишно ниво, а приходите пораснаа за 4,2%. Ова значи најголем раст од вториот квартал на 2022 година. Водечки беа технолошките акции, особено од најголемите светски компании. Технолошките акции ги зголемија приходите за 8,9% на годишно ниво, а профитот за 28,2%. Овде не смееме да заборавиме дека сè уште ги чекаме резултатите на Nvidia, која моментално е ѕвезда број еден на берзите и следната недела ќе ги објави своите резултати за првиот квартал и секако ќе ги коригира вкупните бројки. Резултатите се охрабрувачки и за повеќето други берзански сектори. Посебно треба да се истакнат комуникациските услуги, додека индустријата за потрошувачка заостанува, очигледно и поради фактот што потрошувачите купувале доволно материјални добра во периодот на пандемијата и сега главно сакаат „искуства“. Покрај сè уште силниот економски раст во САД, растот на профитот е поттикнат и од пониските трошоци за материјали, стоки и енергија, што е убаво илустрирано со падот на кинеската индустриска инфлација. Сето ова има ефект врз бавното, но стабилно ублажување на инфлацијата.
Успорување на економскиот раст на САД и пазарот на труд
Помеѓу макроекономските податоци во Соединетите Американски Држави, минатата недела некако изненадувачки беа бројките за неделните барања за надоместоци за невработени, кои се искачија на 231.000. Ова е најголема бројка од август минатата година и се совпаѓа со она што го посочуваат најновите податоци за новоотворените работни места и индексите на PMI. Американскиот економски раст и пазарот на труд успоруваат, но засега се далеку од тоа да покажат знаци на рецесија. Пазарите реагираа позитивно, бидејќи малку полошите податоци ја зголемуваат можноста за намалување на каматните стапки на идните состаноци на американската централна банка.
На јунскиот состанок се очекува намалување на клучните каматни стапки на ЕЦБ
Европскиот берзански индекс Stoxx 600 минатата недела доби повеќе од 3%. Вода за воденицата на европските компании се изгледите за намалување на клучните каматни стапки на ЕЦБ, бидејќи комуникацијата се повеќе се движи во насока на намалување на следниот состанок во јуни. Шведската централна банка веќе почна да ги намалува каматните стапки минатата недела. Банката на Англија каматните стапки ги задржа на 5,25%, но се чини дека и BOE ќе започне со олабавување на монетарната политика во јуни. Истовремено, позитивно изненадување има и кај податоците за британскиот економски раст, кој во првиот квартал изнесуваше 0,6%, со што британската економија излезе од техничка рецесија. По долг период на стагнација, лондонскиот FTSE100 индекс доби повеќе од 5% во последниот месец и се искачи на рекордно високо ниво.
Продолжува закрепнувањето на кинеските берзански индекси
Кинеските берзански индекси продолжуваат да закрепнуваат. Hang Seng во Хонг Конг веќе доби речиси 20% од минимумот кој го достигна во средината на април. Од друга страна, индиската берза настрада во последните недели, каде што се одржуваат парламентарните избори, на кои се чини дека Narendra Modi ќе добие нов мандат. Но, сегашните индикации се дека BJP на Modi ќе добие помало мнозинство отколку што беше наведено пред изборите, што ќе предизвика несигурност кај инвеститорите. Дополнително, падот на индексите ги продлабочи полошите резултати на некои од најголемите берзански компании.
Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД
Пазарите на обврзници ги чекаат податоците за априлската инфлација во САД, кои ќе бидат објавени денес. Економистите очекуваат дека инфлацијата ќе се намали малку во април, што ќе ги зајакне очекувањата за првото намалување на ФЕД на еден од идните состаноци. Валутните односи остануваат стабилни, а еврото останува околу 1,07 долари за евро.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Најголемо влијание врз пазарите на капитал извесно време имаат централните банки или очекувањата за нивото на каматните стапки. Можеме да очекуваме дека ова влијание ќе продолжи и во наредните месеци. Пазарите на капитал овде се во малку подобра позиција. Доцнењето на намалувањето на каматните стапки главно е резултат на добрата макроекономска ситуација во глобалната и особено американската економија. Овој силен раст, од друга страна, го кочи падот на инфлацијата. Лепливата инфлација и повисоките каматни стапки се два негативни фактори на пазарот на обврзници. Како резултат на тоа, приносите на обврзниците се високи и во средина на очекуван пад на инфлацијата и пониски каматни стапки (иако не до 2025 година) се атрактивни инвестиции бидејќи нудат позитивни реални приноси. Се ближат изборите во САД, кои имаат значително влијание врз пазарите на капитал, а во исто време го следиме порастот на геополитичките тензии, кои и двете ги принудуваат инвеститорите да инвестираат во глобално диверзифицирани портфолија. Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски и комбиниран фонд како што е Генерали Америка и Генерали Топ Брендови и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Инвеститорите кои прифаќаат поголем ризик се привлечени од приказната за фондот Генерали БРИК. Индија ја замени Кина како најбрзо растечка, но многу подобро регулирана земја, а Кина се бори со својата најлоша економска криза во последните 25 години, но вреднувањето на кинеските акции е многу привлечно по значителниот пад во последните години и нуди потенцијал за натпросечно долгорочни приноси за трпеливи инвеститори.
Диверзификацијата на приносите на пазарите и индустриите нуди атрактивни можности за инвестирање за активните инвеститори. Активно управуваните фондови на Generali Investments нудат пристап до овие приказни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.