Заев: Среќен сум кога ќе се сетам каде бевме, а каде сме сега, до каде стигнавме
Објавено во: Македонија 08 Април, 2018 09:10
Јас сум среќен кога ќе се сетам каде бевме, а каде сме сега, до каде стигнавме, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.
Тој вели дека бевме држава во изолација во која граѓаните живееја во страв, држава со политички тензии, а денес зборуваме за пријателства со соседите, за повисоки плати и за слобода.
„Слобода е, и критиката ја сфаќам како можност за корекција на власта. Следам внимателно и од каде доаѓаат тие критики. Доаѓаат од амбициите за позиции, но доаѓаат и од високите очекувања на граѓаните. Секогаш се трудам да ги земам предвид оние кои се конструктивни и аргументирани за да ги поправаме политиките и однесувањата. Македонија има разноличност, широк избор на капацитети, на човечки ресурси, но не сите се нафаќаат да се впуштат во предизвици кои со себе носат и одредена одговорност, особено во време кога таа одговорност се однесува на сериозни општествени промени што се случуваат кај нас. За мене се разбирливи критиките кои произлегуваат од високите очекувања. Граѓаните кои ги испорачуваат овие критики, веројатно, сметаат дека веднаш по паѓањето на режимот требаше да го почувствуваат животот, веднаш секој да најде работа, веднаш платите да пораснат и да се најдеме во една идеална состојба“ - вели Заев.
За реконструкцијата на Владата изјави дека има прилично јасна претстава какви решенија треба да бидат преземени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




