Заев: Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021
Премиерот Зоран Заев ќе го слуша гласот на граѓаните за тоа дали администрацијата во петок да работи само четири часа.
Вели дека како народ треба повеќе да работиме, ако сакаме повисоки плати.
„Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. Ние продолжуваме со тој дел“, рече премиерот.
Заев кажа декаво согласност со Законот за фиксно пензионирање кој стапува во сила од 1 јули 2022 година, целта е намалување на администрацијата за нешто повеќе од 10 проценти.
Инаку, ДУИ во предизвориоето споменуваше дека во петок администрацијата ќе работи по 4 часа. Заев кажа дека идејата била од граѓани, а потоа е преточена во програмата на коалциониот партнер. За ова имаше бурни реакции во јавноста. Се смета дека ако ова се усвои, администрацијата ќе биде уште поатрактивна за младите, за сметка на приватниот сектор.