16 Јануари, 2025
0.0295

Заев за истечените разговори на политичарите: За нив прашајте ги Груевски и Мијалков

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Кавадарци повтори дека избори на 11-ти декември ќе има и дека тој ќе направи сѐ за тие да бидат фер и регуларни. Тој упати порака и до Уставниот суд да не се дрзне да го укинува СЈО, кое останува „трошката надеж за враќање на правдата во Македонија“.  

- Оваа институција е таа која е дел од правосудниот систем и остварува постапки коишто завршуваат со обвинителни акти или со отфрлање на кривични пријави и индикации. Да се остави таа институција да работи заради тоа што тоа е начин како да се врати правдата во Република Македонија, вели 

Во однос на боењето на судот од страна на „Шарената револуција“, Заев одговори дека не е во ред од сите предмети на СЈО да има само еден домашен притвор, кој беше укинат, и дека тоа само по себе создава гнев кај граѓаните. 

- Македонското правосудство е целосно поклопено од извршната власт. Јас верувам, гневот и револтот коишто постојат кај граѓаните се причината да се фрлаат бои, или да се напаѓа некоја институција којашто е сопственост на сите граѓани на Република Македонија. Сакале некои граѓани да дадат до знаење дека не е во ред, од сите овие предмети на СЈО, да има само еден домашен притвор којшто е укинат, а сите предмети којшто власта или државното јавно обвинителство ги проследуваат... некои споменуваат бројка од 711, имаме 707 притвори, тоа е повеќе од 99%, смета лидерот на СДСМ.

На новинарско прашање дали има сознанија од каде излегле аудио снимките на одредени политички функционери во социјалните мрежи, Заев вели дека тие сите разговори ги предале минатата година и дека за истечените разговори треба да се прашаат Никола Груевски и Сашо Мијалков.

- Разговорите од нас се предадени на 30 декември 2015 година. За овие разговори треба да ги прашате Сашо Мијалков, Никола Груевски, Горан Грујевски од каде се, затоа што претпоставувам, тие имаат два до три пати повеќе разговори од тие што ние ги поседувавме и ги доставивме до Специјалното Јавно Обвинителство. Да не заборавиме дека државното јавно обвинителство на чело со Марко Зврлевски, потвдри во обвинителниот акт против Заев дека прислушкувањето е направено во МВР, со опремата на МВР. Апсолутно им е јасно на сите, но правно–формално е должност и на судот да потврди преку судски пресуди кој прислушкувал во Македонија. Само на тој начин ќе се отстранат сите овие шпекулации. Така да, треба да се праша директно Никола Груевски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, и Петтата управа на Република Македонија, од каде излегоа овие материјали, изјави денеска Зоран Заев од Кавадарци.


Можеби ќе ве интересира

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина