19 Декември, 2025
0.0368

Заеви го прошируваат бизнис-портфолиото со транспортна компанија

Објавено во: Економија 14 Март, 2023 08:10

Добивај вести на Viber

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време стана сопственик на уште една компанија - овој пат како основач на Тотал Коп. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност товарен патен транспорт. 

Седиштето се наоѓа на улица „Гоце Делчев“ во Струмица, а за директор е поставен Александар Марковски. Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија - Солар Грин Енерџи, регистрирана исто така на истата адреса како и Тотал Коп.

Досега за Заеви, барем според претходни медиумски објави, не е познато дека поседувале компанија со товарен патен транспорт, иако семејството има широко портфолио на бизниси кое може да се поврзе со оваа дејност.

Пред неколку години братот на Зоран Заев, Вице Заев, беше обвинет од опозицијата дека наводно негови камиони биле тајно ангажирани за сосема трета  компанија за оперативните градежни работи во РЕК Битола, односно за превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Тие камиони, според обвинувањата, биле во сопственост на градежната компанија „Тотал Инжинеринг Струмица“, на што Вице Заев возврати со жесток демант.

Изминатиот месец фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, испрати големо количество на хуманитарна помош за турските граѓани од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес, но за транспортот објави дека е донаторски од страна на „Сакаов транс“ – Струмица.

Освен во прехранбениот сектор, за Заеви познато е дека имаат бизниси во ископот на глина, одгледувањето на канабис за медицински цели, градежниот сектор, малопродажбата и трговија.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии