Загадена е водата во Охридското езеро
Објавено во: Македонија 11 Април, 2013 19:04
Фекалии се влеваат во во Охридското Езеро. Најкротично е на северниот дел на езерото, а според податоците на Центарот за јавно здравје од Охрид утврден површинските води кај плажата „Грашница“ во Охрид и кај пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на езерото кај селото Подмоље се сериозно загадени.
И двете мостри за испитување покажале дека водата е од четврта и петта категорија.
„Кај Грашница и Подмоље во земените мостри се пронајдени поголеми количества на амонијак и нитрити. Уште на самиот увид на лице место е констатирано излевање отпадни, фекални води од колекторскиот систем во езерото, и од тие причини ниското ниво на квалитет на водата“, рече Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје од Охрид.
Од Центарот се надеваат дека со стабилизирање на хидролошката ситуација во регионот и со намалувањето на количеството отпадни води ќе се подобри и квалитетот на водата во езерото.Мострите од источниот дел на крајбрежјето односно кај хотелот „Метропол“ од каде се црпи вода за потребите на Градскиот водовод во Охрид, како и од кај кејот на езерото во самиот град покажале висок квалитет на водата од прва и втора категорија.
Сепак посочуваат од Центарот за јавно здравје изминатите месеци забележана е поголема матност на водата, особено кај селските водоводи.
„Матноста може да последица на зголеменото количество на вода. Сите други индикатори, како микробиолошки така и хемиски, поакажуваат дека водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење“, појасни Точков.
Во услови на неповолни хидролошки состојби со зголемено ниво на водотоците од сливот, како и на самото ниво на Охридското Езеро, доаѓа до мешање на фекалните односно канализациските со атмосферските води. Истовремено доаѓа до потопување на дел од преливните шахти на цевководите од Колекторот, кој нема капацитет да ја прими сета таа вода, која завршува во Охридското Езеро и го загадува.
И во минатото од „Проаква“ укажуваа на потребата од поголема контрола на нивото на езерото токму од причина да не дојде до потопување на преливните шахти, што доведува до енормно оптоварување на системот и предизвикување дефекти, како и до излевање на фекалната вода во езерото и негово загадување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





