Добивај вести на Viber
Затворањето на Макстил не придонесе за драстично подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, вели министерот за животна средина Нурхан Изаири. Тој нагласува дека за намалување на загадувањето не е одговорно само министерството, туку и сите граѓани.
„Дали ќе имаме подобар квалитет на воздухот не зависи од министерството за екологија, туку од одлуката на сите нас дали ќе ги возиме старите автомобилите кои испуштаат отрови во воздухот или дали ќе ги оставиме дома. Дали сите членови на семејствата ќе возат поединечно автомобили или ќе користат само еден автомобил. Ние како министерство даваме препораки до општините кои мерки треба да ги преземат и тие тоа треба да го направат“, вели Изаири.
Загаденоста на воздухот во Скопје, Тетово и Кичево денеска повторно е над дозволеното ниво. Концентрацијата на штетни ПМ10 честички беше најголема ноќеска - дури три пати повисока од дозволените нивоа.