09 Октомври, 2024
0.0358

ЗАГИНАА НАД 22.000 ЛУЃЕ: Можно ли е раселување на Палестинците од Газа?

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Во Газа загинаа 22.313 луѓе, а Германија, Франција и САД ги осудија изјавите за иселување на Палестинците. Најмалку 12 луѓе се убиени во последните 24 часа, додавајќи дека од 7 октомври се ранети 57.296 лица.

Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека во израелските воени операции во Појасот Газа се убиени 22.313 луѓе од почетокот на војната на 7 октомври лани.

Израел по нападот на Хамас во октомври соопшти дека имаат две цели, да го уништат Хамас и да ги ослободат заложниците кои терористите ги држат во Газа.

Германија, Франција и Соединетите Американски Држави остро ги критикуваа повиците на два израелски министри до Палестинците да се иселат од Газа.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Германија Себастијан Фишер изјави денес дека Берлин, близок сојузник на Израел, најостро ги отфрла тие изјави на министрите Безазел Смотрич и Итмар Бен Гвир кои „не помагаат во ситуацијата“.

Тој го повтори ставот на Германија и нејзините сојузници од Г7 дека „не смее да има протерување на Палестинците од Газа ни територијално смалување на Појасот Газа“.

Берлин е за решение според моделот на две држави – палестинска со Израел, што и понатаму е единствениот модел Израелците и Палестинците заедно да живеат во мир, кажа Фишер.

Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди Израел „да не ни помислува“ на присилно раселување на жителите на Газа.

Во телефонски разговор со Бени Ганц, член на Воениот кабинет на Израел, Макрон кажа дека таквите изјави се неприфатливи и во спротивност со решението по модел на две држави кое е единственото одржливо за враќање на мирот и безбедноста за сите, соопшти неговиот кабинет.

Макрон предупреди на ризикот од проширување на конфликтот, кажувајќи дека е „од суштинско значење да се избегне каква било ескалација, особено во Либан“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така се огласи околу коментарите на двајцата екстремно десничарски израелски министри.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштение нивните изјави ги оцени како „запаливи и неодговорни“.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека целиот Блиски Исток може да заврши во пламен.

Шефот на Мосад, Давид Барни денеска најави дека Израелската разузнавачка агенција „ќе ги израмни сметките “ со секој кој е вмешан во смртоносните напади на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Исмаил Ханије, шефот на политичката канцеларија на Хамас, вчера изјави дека палестинската група за отпорот е отворена за формирање влада на национално единство која ќе управува со Појасот Газа и со Западниот Брег.

Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална