Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 20 Септември, 2023 20:32
Во регионот Нагорно-Карабах, e изрешетан автомобил со руски војници, при што има неколкумина загинати.
Инцидентот се случил во близина на селото Жанјатага, соопшти руското Министерство за одбрана. Не кажаа колкав е точниот број на жртви. Тие се враќале од набљудувачката станица. Претставниците на Русија и Азербејџан на терен работат на разјаснување на ситуацијата.
Информациите не можат да бидат независно проверени. Вчера Азербејџан почна воена операција во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах. Денеска со руско посредништво е постигнато примирје.
Ерменското раководство на Нагорно-Карабах утрово се согласи на предлог за прекин на огнот во обид да спречи понатамошно крвопролевање додека азербејџанските сили напредуваа во отцепениот регион.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека неговата земја не била вклучена во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот. Тој, исто така, повтори дека Ерменија нема војници во Карабах од август 2021 година.
Ерменија и Азербејџан со децении се спорат за регионот Нагорно - Карабах.Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




