Заглавени инвестиции: Почнува ли изградбата на комплексот кај Алумина
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018 06:30
Во септември ќе стартува изградбата на трговскиот центар и станбените згради од комплексот кој треба да никне на местото на поранешна Алумина во скопско Тафталиџе, тврдат за Фактор доброупатени извори. На локацијата моментално нема никаква активност, а локацијата ја чува обезбедувањето. Првично најавата за изградбата беше пред повеќе од десет години, кога поранешната Влада објави дека израелската фирма Газит Глоуб ќе почне да го гради деловниот објект Џи мол. Сепак и покрај помпезните најави инвестицијата не беше реализирана.
Од општина Карпош за Фактор велат дека тие не добиле барање за издавање на одобрение за градење на ова место. Сепак додаваат и дека општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено, па не ја отфрлаат можноста тоа да се случи.
„До денеска општина Карпош нема добиено барање за издавање на одобрение за градење на местото на стара Алумина. Општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено ниту кој бил инвеститор, ниту истото може да се претпостави бидејќи правото на градење може да го стекне и друго физичко лице преку отстапување на правото на градење. Општината не навлегува во имотно правните работи, финансиски или бизнис планови на сопствениците на земјиштето“, велат од општина Карпош.
Оттаму додаваат дека согласно важечкиот Детално урбанистички план (ДУП) на тоа место основната намена е Б2 – големи трговски единици со можни компатибилни намени до 40 отсто.
А ДУПот општина Карпош го смени во 2009 години и тогаш беше најавено дека Џи мол ќе почне да се гради. Поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски следната година објави дека комплексот ќе почне да се гради во февруари 2011 година, но и од тоа немаше ништо. Подоцна самиот Јакимовски изјави дека Израелците најверојатно немаат пари за градба и дека според негови сознанија тие планираат да го продадат земјиштето.
Газит Глоуб го купи земјиштето од 150 илјади квадратни метри на јавно наддавање во 2007 година и за него плати 19 милиони евра. Официјален сосптвеник на локацијата стана во 2008 година, а според најавите инвеститорот планирал да вложи 100 милиони евра во резиденцијално- комерцијален центар кој требаше да содржи и луксузен хотел и деловни згради.
Александра Томиќ
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




